На 4 октомври 2026, улиците на Скопје повторно пулсираа во знакот на позитивната енергија, спортскиот дух и заедничките насмевки!
И оваа година, 55 учесници – колегите од Фармахем, Дијагностика Фармахем и Фармахем Сервис, заедно со нивните семејства – масовно истрчаа во сите категории, од 7 до 63 години. Покажавме дека за нашиот тим, учеството на маратонот е многу повеќе од трка – тоа е симбол на заедништво, истрајност, издржливост и посветеност кон здравиот начин на живот.
Со особено задоволство го поздравуваме официјалното отворање на новата Лабораторија за хемиски анализи при Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ).
Набавката и инсталацијата на XRF системот на Malvern Panalytical беа направени од тимот на Фармахем. Исклучително ни е драго што придонесовме кон реализацијата на проект којшто директно ги поддржува научноистражувачката работа, практичната настава и развојот на индустријата.
Со задоволство споделуваме дел од нашето искуство од Lallemand Speciality Cultures Distributor Seminar 2026 во Франција каде што претставници од Фармахем заедно со дистрибутери од Европа, Азија и Пацификот во текот на тродневен семинар разменија искуства, се запознаа со најновите достигнувања во областа на стартер културите и дискутираа за глобалните трендови кои ја обликуваат иднината на прехранбената индустрија.
Првомајската награда „Работник на годината“ за 2025 г. ја понесе Горан Крабевски, колега кој е дел од Фармахем од неговиот почеток. Особено ни е драго што во овие времиња кога сите се во брзање и во потрага по материјални нешта, во делата на Горан беше препознаена неговата скромност, беспрекорно однесување и културни манири, и од страна на клиентите и добавувачите.
На 5 октомври, улиците на Скопје повторно беа исполнети со позитивна енергија, спортски предизвици и многу насмевки.
И оваа година колегите од Фармахем, Дијагностика Фармахем и Фармахем Сервис, заедно со нивните семејства, во голем број трчаа во различни категории и покажаа дека учеството е повеќе од спорт – тоа е симбол на истрајност, издржливост и грижа за здрав живот.
Големо задоволство ни е да соопштиме за нашето просторно проширување на нова локација. Новиот објект од 2.100 m2 за Лабораторијата за животна средина, Сервисот за медицинска опрема и Магацинот се наоѓа на ул. „Шар Планина“ 20. Дирекцијата со комерцијалните сектори и секторот за еколошки консалтинг се и натаму на поранешната локација на Кичевска
Во рамки на проектот „Мрежа за искуствено учење", кој го спроведува Македонското еколошко друштво (МЕД) во координација со УНИЦЕФ, беше инсталирана современа опрема од страна на Фармахем во пет едукативни центри: Народна техника - Скопје, НП Галичица, Едукативен центар с. Негрево - Пехчево, ЈНУ Хидробиолошки завод - Охрид и Ботаничка градина - Институт за биологија, ПМФ-Скопје.
OpenLab CDS претставува хроматографски дата систем кој обезбедува продуктивност, искористливост и дата интегритет. Преку овој софтвер, Вие како корисник можете целосно да го контролирате вашиот Agilent хроматограф без разлика дали е тој течен (LC), гасен (GC), течно масен (LC/MS) или гасено масен (GC/MS).
Фармахем е една од ретките мали и средни претпријатија која што е континуирано наградувана од 2008 година, кога почнаа да се доделуваат Националните награди за ООП и има освоено призанија во сите пет категории: етичко управување, однос кон вработените, односи на пазарот, вложување во заедницата и однос кон животната средина.
Фармахем за 2021 година го освои признанието во категоријата „вложување во заедницата“ за проектот „Со мали чекори до подобро утре!“.
На 1 октомври 2020 година, Фармахем одбележа значаен јубилеј, 30 годишнина од постоењето. По тој повод, секој вработен во Фармахем, Фармахем Сервис и ПЗУ Дијагностика Фармахем засади дрво во заедничка активност во Спортско-рекреативниот центар „Сарај“. 30 засадени дрвја се јавори во чест на 30 годишнинината, а останатите се нарекуваат популарно „golden rain“ за златна иднина! Вкупно беа засадени 75 дрвја во чест на 75-годишнината од раѓањето на основачот на Фармахем, директорот д-р Јосиф Таневски.
Од денес и официјално, документарниот филм „Медена земја“ (Honeyland) е помеѓу петте номинирани филмови за престижната награда Оскар во категориите „најдобар документарен филм“ и „најдобар филм од неанглиско говорно подрачје“. Документарниот филм „Медена земја“ е реализиран како дел од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координиран од „Фармахем“, а воедно е поддржан и од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
Совршено е кога визијата на фирмата и на вработените се поклопуваат во одредена мерка. Како компанија вложуваме многу во едукација на вработените, како и на нашите соработници. Пред сé, инвестираме во стручно знаење, но секако ги промовираме и вредностите во кои силно веруваме, особено во сегментот на заштита на животната средина, одржливо користење на ресурсите, родова еднаквост и недискриминација по никаков основ.
Фармахем e добитник на признанието за најдоброто од истокот во областа на заштитата на животната средина за 2018 година, како координатор на Програмата за зачувување на природата во Македонија, која во изминатите години значително влијае на подобрување на зачувувањето на природните вредности во Брегалничкиот слив.
Македонскиот документарен филм “Honeyland” (Медена Земја) е избран во официјална конкуренција на престижниот филмски фестивал “Sundance” во категорија со уште 12 други документарни филмови од целиот свет. Снимањето на документарниот филм започна во 2015 година во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), координирана од Фармахем.
Во рамките на конгресот, Секторот дијагностика и лекови на Фармахем се претстави со изложбен штанд со два специјално изработени пултови и презентација на која беа промовирани сите новитети и модерните достигнувања во лабораториската медицина од областа на клиничката биохемија, имунологијата и хематологијата.
Фармахем продолжува со својата заложба за општествено одговорно и одржливо работење и на 10-ттата јубилејна манифестација „Свечено доделување на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2017 година“, којашто се одржа на 15 ноември 2017 година, во хотелот „Мериот“ Скопје, освои две награди за ООП.
Македонските автори Љубо Стефанов и Тамара Котевска го презентираа нивниот последен проект „Honeyland“ (Медена земја) на CineLink Work-in-Progress настанот, во рамки на овогодинешниот сараевски филмски фестивал и ја освоија највредната парична награда на фестивалот, наградата на Турската национална телевизија (TRT) во висина од 30.000 евра.