Фармахем учествуваше на 26-тиот Конгрес на Балканска Клиничка Лабораториска Федерација, кој се одржа од 3–5 октомври 2018 година во хотел „Александар Палас“, Скопје.
Во рамките на конгресот, Секторот дијагностика и лекови на Фармахем се претстави со изложбен штанд со два специјално изработени пултови и презентација на која беа промовирани сите новитети и модерните достигнувања во лабораториската медицина од областа на клиничката биохемија, имунологијата и хематологијата.
Сите колеги биле присутни на предавањата и конгресот претставуваше одлична можност да се научат и разменат инфомации за сите нови достигнувања во областа на лабораториската медицина, нејзиниот напредок, стандардизација и контрола на квалитет.