На 18.10.2023 експертите oд Фармахем заедно со претставниците на Здружението за развој на Белица и со поддршка на МЕД инсталираа метеоролошка станица во Беличкиот регион и со тоа отпочна евидентирањето на вредностите на одделни параметри на воздухот.
Поставувањето на метеоролошката станица е дел од проектот: "Граѓанските организации во акција за климатските промени", спроведуван од Еко Свест во партнерство со Македонското здружение на млади правници и Организацијата за промовирање на природните вредности и луѓето со финансиска поддршка од Владата на Шведска.
Оваа софистицирана станица ќе овозможи континуиран мониторинг на одделни параметри за квалитетот на животната средина во Белица. Крајната цел е подобро да ја разбереме природата околу нас за да можеме да го подобриме квалитетот на севкупното живеење.