Во декември 2019, Фармахем се здоби со три нови признанија за општествена одговорност со што уште еднаш ја потврди својата континуирана заложба за општествено одговорно и одржливо управување.
Првата награда е Националната награда за ООП за 2019 година во категоријата „однос кон вработените“, за проектот: „Биди вреден! Биди здрав!“. Наградaта ја доделува Министерството за економија на РСМ и Националното координативно тело за ООП.
Второто признание е за имплементирање на стандардот за семејна одговорност MAMFORCE®. Овој стандард ги поттикнува работодавачите со одговорно управување да им помогнат на вработените во усогласувањето на нивниот приватен и деловен живот. Однесувајќи се со разбирање кон нивните семејни обврски, тие создаваат можности за еднакво успешен развој на кариерите на вработените мајки и татковци.
Поддршката за спроведувањето на стандардот ни беше обезбедена преку проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од НВО Конект и Бизнис Конфедерација на РСМ, чија цел e поддршка на економските и социјалните права во приватниот сектор преку унапредување на деловните и човековите права.
Во рамките на истиот проект финансиран од ЕУ, Фармахем се здоби со уште едно признание за посветеност на унапредувањето на човековите права во бизнисот.