15.05.2022 ФАРМАХЕМ ГО ОДБЕЛЕЖА 15 МАЈ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО

Во Фармахем, Дијагностика Фармахем и Фармахем Сервис функционираат тимски 80 вработени како едно големо семејство.

Меѓународниот ден на семејството - 15 Мај, овој пат го одбележавме дружејќи се со семејствата на вработените со кои го уредувавме дворот на Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево, но и шетавме по патеката на Петко до локалитетот Јудови Ливади.

На овој ден, со колегите се потсетивме и согледавме колку ни се важни семејството и блиските и дека секогаш треба да најдеме време за нив. Пораката што ја испраќаме заеднички од Пехчево е секој слободен момент да го искористиме за организирање на едукативни и забавни активности со семејството, заедничко шетање или пикник во природа, спортски активности или викенд патување.

Која е последната активност што сте ја напрaвиле заедно со вашето семејство?

Ви препорачуваме да го посетите Едукативниот центар за зачувување на природатa во с.Негрево, направен во рамки на проектот Програма за зачувување на природата, поддржан од SDC и координиран од Фармахем.

https://ecnegrevo.mk Едукативен центар за зачувување на природата

Видео од активностите за уредување на Едукативниот центар во с. Негрево

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk