Фармахем е една од водечките компании за трговија и еколошки консалтинг во Р. Македонија, основана во 1990 година од д-р Јосиф Таневски. Цврсто посветени на нашата мисија за „обезбедување комплетни решенија за лабораториите“, фокусирани сме на постојана потрага по нови програми и услуги со коишто би ја збогатиле нашата понуда и постојано инвестираме во едукација и доусовршување на вработените за да бидеме во чекор со светските трендови.
Тимот на Фармахем има над 50 вработени и организациски е поделен во три Сектори за промет: дијагностика и лекови, инструменти и опрема, адитиви и реагенси.
Нашата понуда опфаќа богато портфолио на лабораториска опрема за медицински, аналитички и градежни лаборатории, од основна лабораториска опрема до најсофистицирани аналитички инструменти, реагенси и потрошен лабораториски материјал, дезинфектанти, култури и природни бои во прехранбената индустрија, , громобрани, радиоактивни изотопи и многу повеќе.
Покрај Секторите за промет, Секторот за еколошки консалтинг успешно ја координира Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), чија цел е да ѝ помогне на Р. Македонија во зачувување на извонредниот биодиверзитет и природните екосистеми преку промоција на нивно одржливо управување и користење. Во рамки на овој Сектор функционира Лабораторијата за мерења во животната средина, акредитирана во 2010 година согласно со стандардот MKC EN ISO/IEC 17025:2006 и мобилната лабораторија за испитувања на амбиентен воздух од 2012 година.
Инспирирани од потребите на клиентите, во 1997 година е отворена првата приватна специјалистичко-дијагностичка лабораторија во Р. Македонија, ПЗУ „Дијагностика Фармахем“. Денес во Скопје двете дијагностички лаборатории лоцирани се во општините Ѓорче Петров и Аеродром, со 10 биохемичари/лабораториски техничари и двајца специјалисти по биохемија. Лабораториите се современо опремени и нудат широк спектар на анализи на крв, урина и др.
Фармахем Сервис е основан во 2003 година како посебна компанија со 10 инженери и техничари кои секогаш овозможуваат навремена и квалитетна пост-продажна поддршка преку инсталација, обука на купувачите, поправка и одржување на инструментите и опремата.
Во рамките на Фармахем Сервис функционира Лабораторијата за калибрации, акредитирана согласно со стандардот МКС EN ISO/IEC 17025 во 2009 година од страна на Институтот за акредитација на Р. Македонија за калибрација на температура, релативна влажност и тежина.
Од самите почетоци, Фармахем се раководи според принципите на општествено одговорно и одржливо управување за што сведочат бројните награди и признанија, меѓу кои и престижното јубилејно признание за континуирано спроведување успешни општествено одговорни практики во периодот 2007–2017 година, како и плакета за најголемо достигнување во популаризирањето на грижата за заштита на животната средина и природата, доделена од страна на Градот Скопје во 2008 година.
Тимот на Фармахем цврсто ги следи процедурите за квалитет согласно со стандардот ISO 9001 за кој сме акредитирани од 2003 година и се грижи за животната средина.
Воедно, ги поддржуваме професионалните здруженија и учествуваме на национални и меѓународни Конгреси, на биохемичари, фармацевти, хемичари, биолози, еколози и др.
Големиот број признанија што ги има добиено Фармахем, како и позитивните оценки коишто ги имаат добиено нашите проекти, го оправдуваат епитетот „Фармахем – една од водечките фирми од областа на трговија со лабораториска опрема и инструменти и еколошки консалтинг во С. Македонија“. ФАРМАХЕМ - ВАШ ПАРТНЕР ЗА СИГУРНА ИДНИНА!