Колегите од Фармахем, Дијагностика Фармахем, Фармахем Сервис заедно со членови на нивните семејства, најбројни до сега, вкупно 62 учесници во сите категории и оваа година со секој чекор ги поместуваа границите на издржливоста и јакнењето на тимскиот дух.
Колегата Љубомир Симоновски истрча полумаратон на 3то место во својата категорија 55–59 години.
На нашите најбрзи и најиздржливи сениори, како и на децата-тркачи им доделивме уникатни подароци во олимписки дух во знак на првото учество на Македонија со маратонецот Дарио Ивановски на Олимписките игри во Париз оваа година: „Побрзо, повисоко, посилно – ЗАЕДНО“.
Честитки до сите учесници кои трчаа по улиците низ Скопје и сите покрај патеката кои што ги мотивираа маратонците да ги постигнат своите најдобри резултати. Да продолжиме и понатаму да практикуваме здрав начин на живот со нови спортски предизвици.