18.10.2022 Резултатите од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП) презентирани на 6ти Конгрес на еколозите со меѓународно учество

Шестиот Конгрес на еколозите со меѓународно учество, се одржа во Охрид од 15–18 октомври 2022, во организација на Македонско еколошко друштво (МЕД).

Во рамки на Конгресот, се одржа симпозиум посветен на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект поддржан од Владата на Швајцарија. Од страна на тимот на ФАРМАХЕМ, како координатор на ПЗП, и претставници од МЕД вклучени во имплементација на дел од компонентите на Програмата,  беа презентирани клучните иновативни пристапи и резултати  кои во изминатиот период се реализираа во рамки на Програмата, преку 6 усни презентации и 15 постер презентации.

На сесијата посветена на 50-годишнината од постоењето на МЕД, беа доделени благодарници и признанија на заслужни организации и поединци. На Фармахем и ПЗП беа доделени благодарници, а тим лидерот на ПЗП Марјана Шушлевска доби признание за достигнувањата во зачувување на природата.

На Конгресот учествува над 200 автори од Северна Македонија, Косово, Србија, Бугарија, Полска, Грција, Словенија, Хрватска и други.

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk