Една од главните определби на „Фармахем″ е заштита и унапредување на животната средина и природата во Македонија и регионот. Поради остварување на главната определба, „Фармахем″ на почетокот од своето постоење започнува со развивање на еден нов правец на делување, притоа, нудејќи услуги од областа на еколошкиот консалтинг и формирајќи Сектор за еколошки консалтинг. Градејќи го своето искуство и реноме врз база на професионално и квалитетно реализирање на клучни проекти „Фармахем″ станува прва и водечка компанија во Република Македонија која нуди комплетни консултантски услуги од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и природата. Со цел да се заокружи процесот во понудата на комплетни услуги, Фармахем во почетокот на 2008 година формираше и Лабораторија за животна средина во рамките на Секторот за еколошки консалтинг.
Секторот за еколошки консалтинг на „Фармахем″ има долгогодишно искуство и нуди услуги во изработката на:
Исто така, Секторот за еколошки консалтинг на „Фармахем″ нуди поддршка при подготовка на предлог проекти за програмите на ЕУ (IPA, FP7 и CIP).
Позитивните оценки што ги имаат добиено нашите проекти од областа на заштитата на животната средина и природата го оправдуваат епитетот „Фармахем - една од водечките фирми од оваа област во Македонија″. Зголемувањето на опсегот на услугите кои ги нуди Секторот за еколошки конслатинг заедно со Лабораторијата за животна средина на „Фармахем″ претставува подем кон следењето на европските и светските трендови во областа на заштита на животната средина.
КВАЛИТЕТОТ НА УСЛУГИТЕ И ЗАДОВОЛНИ КУПУВАЧИ СЕ НАШИТЕ НАЈДОБРИ РЕФЕРЕНЦИ!