01.10.2025 ФАРМАХЕМ ГО ПОДДРЖА ТРЕТИОТ НАЦИОНАЛЕН КОНГРЕС НА ПАТОЛОГИЈА

Фармахем со задоволство го поддржа 3. Национален конгрес на Патологија со меѓународно учество – „Од слајд до секвенца: Современа патологија“, кој се одржа минатата недела во DoubleTree by Hilton во Скопје.

Во рамките на овој настан, со гостинот г. José Baptista, апликативен специјалист од нашиот долгогодишен партнер Agilent Dako, заедно ги промовиравме новите инструменти Dako Omnis - дизајнирани да ја редефинираат продуктивноста на боење, со што ефикасноста и квалитетот на лабораториите ќе се подигне на повисоко ниво.

Искрено сме благодарни на Македонското здружение на патолози и Одделението на IAP на С. Македонија за можноста да учествуваме и да придонесеме кон овој исклучително важен настан каде што патолозите, истражувачите, лабораториските професионалци, специјализантите и медицинските работници се на едно место со една иста цел – унапредување на патологијата и обезбедување подобра грижа за пациентите.

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk