10.10.2022 Фармахем зема учество на XI Конференција за медицински и ароматични растенија во државите во Југоисточна Европа

 

Фармахем учествуваше на XI Конференција за медицински и ароматични растенија во државите во југоисточна Eвропа што се одржа во х. Гранит во Охрид од 610.10.2022, oрганизирана од страна на Комисијата за медицински и ароматични растенија од државите во Југоисточна Европа.

На оваа конференција, Фармахем одржа работилница со презентации во врска со супериорната улога која инструментите од Agilent Technologies и другите претставувани фирми би ја играле во лабораторија за контрола на квалитет во фармацевтската индустрија. Прво, беше презентиран метод за определување на канабиноиди, микотоксини и пестициди во еден примерок од канабис. Потоа, беше претставен метод за анализа на нитрозамини во различни фармацевтски форми. Работилницата беше комплетирана со претставување на инструментите во живо и можност публиката да добие дополнителни информации во врска со принципот на функционирање и димензиите на истите.

Поради зголемен интерес од страна на посетителите, се појави потреба од повторување на презентацијата. Во публиката имаше вработени во различни индустрии, од претставници на индустријата за медицински канабис, преку посетители од Центрите за јавно здравје, до студенти и вработени во образовните институции во државата.

Покрај ова, Фармахем овозможи и презентација од страна на г. Џон Аптон, специјалист во областа гасна хроматографија во Agilent Technologies, за определување на терпенскиот профил во примероци од канабис.

За крај, Фармахем овозможи и одржување на презентација на VII Конгрес на фармацевтите од страна на г. Синиша Стипаничиќ, генерален менаџер на „Alpha Chrom“ групацијата, во врска со определување на нитрозамини во различни фармацевтски форми.

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk