Димитар Мишевски ја освои наградата за најдобар работник во 2021 година.
Во потесен избор беше номиниран заедно со уште две колешки:
Димитар ја освои наградата заради неговата посветеност, трудољубивост и пожртвуваност во изминатата година.
Во номинацијата беа наведени многу дополнителни обврски вон неговата основна работа коишто им ја олеснуваат работата на колешките од лабораторија, неговото брзо решавање на проблемите и во и вон работно време, помош од секаков аспект или како што велат колешките „нивната десна рака“. Наведено е дека е професионален, исполнителен, вреден, сталожен, одговорен, насмеан, срдечен, колегијален, точен, амбициозен. Секој проблем го решава во најкус можен рок.
Анонимното гласање се спроведе online во петок, 15 април, а доделувањето на наградите се одржа на 21 април 2022. Во таа прилика, беа доделени и јубилејните награди за 20-годишнините во Фармахем на Зоран Настов и Арсо Илиевски и 10-годишнина во Фармахем на Даниел Стефановски.