Награда за најдобар работник 2024 - Наташа Јосевска и трио CKJu

По повод 1 Мај, и оваа година по 7ми пат беше номиниран, изгласан и награден „Работникот на годината 2024”, од сите вработени во Дијагностика Фармахем, Фармахем Сервис и Фармахем, во спомен на нашиот драг колега Душан Ѓуровски, чија посветеност и љубов кон работата останаа поттик и за генерациите кои доаѓаат. 
Критериуми за наградата се: трудољубивост, колегијалност, иновативност, ефикасност, пожртвуваност, тимска работа и солидарност. 

За 2024 за Работник на годината беше изгласана нашата млада колешка Наташа Јосевска, која со својата ведрина, позитивност и огромна посветеност во извршувањето на работните обврски навистина дава поттик за сите колеги околу неа. 
Подеднакво присутна на терен и во канцеларија, совесно ги извршува работните обврски, несебично пренесува знаење на останатите колеги, пример е за интерсекторска соработка и секогаш е тимски играч - на сите маратони со велосипед ги поддржува нашите тркачи, голем љубител е на природата и поборник за зачувување на животната средина. 
Честитки до второ-рангираниот колега Борче Коларски којшто по втор пат е номиниран за оваа награда од колегите. 

Особено нè радува што и во новите генерации, кои немаа можност лично да го запознаат колегата Душан Ѓуровски, и понатаму се препознаваат квалитети коишто беа негова карактеристика, а денес се сè поретки. 

Исто така, во рамки на Првомајската награда, доделено е и Признание на колегите Цветан Николовски, Коча Фунду и Јулијана Димзова - триото CKJu, за нивните вокални настапи на заедничките дружења изминатава година. Тие ни приредија вистински „лек за душата“, создавајќи топлина и радост во нашите секојдневни работни обврски.

Честитки на сите наградени! 


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk