Тендерска документација за Стратегија за туризам

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ

ЗА

„ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН СО АКЦИОНЕН ПЛАН (2027–2036)“

ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Реф. бр. 03/07/988

Скопје, Ноември 2026 година


СОДРЖИНА:

I ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ

1. Предмет на договорот за јавна набавка

2. Договорни органи

3. Применливи прописи

4. Право на учество

5. Трошоци за поднесување на понуда

6. Разлики во цена (корекција на цени)

7. Јазик во понудата

8. Спречување на судир на интереси

9. Појаснување, изменување и дополнување на проектната задача

10. Квалификации на понудувачите

10.1 Формални барања

11.1. Докажување на лична состојба

11.2. Докажување на способност за вршење на професионална дејност

11.3. Докажување на техничка или професионална способност

12. Содржина на понудата

12.1. Начин на изготвување на понудата

12.7 Адреса на доставување на понудите

13. Отворање и евалуација на понудите

13.4. Појаснување на понудите

II ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА

1. ЗА ПРОГРАМАТА ЗА БИОЛОШКА РАЗНОВИДНОСТ И ОТПОРНОСТ НА ЕКОСИСТЕМИТЕ

2. КРАТОК ОПИС НА ИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

3. ЗА ПРОЕКТНАТА ЗАДАЧА

3.1. ОБЕМ НА ЗАДАЧАТА (РАБОТИ)

3.2. ЦЕЛ

3.3. РЕЗУЛТАТИ

4. ТЕХНИЧКА ИЛИ ПРОФЕСИОНАЛНА СПОСОБНОСТ

4.1. Квалификации, искуство и задачи на експертскиот тим

5. РОК ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ

6. ЈАЗИК, ФОРМАТ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТОТ

7. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

8. БУЏЕТ И ИСПЛАТА НА СРЕДСТВА

9. МОНИТОРИНГ И ЕВАЛУАЦИЈА ПРИ ИЗРАБОТКА НА ДОКУМЕНТИТЕ

10. ТРАНСВЕРЗАЛНИ ТЕМИ

ПРИЛОГ 1 – ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА

ПРИЛОГ 2 – ФИНАНСИСКА ПОНУДА

ПРИЛОГ 3 – ИЗЈАВА ЗА ДОКАЖУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА

ПРИЛОГ 4 – ОБРАЗЕЦ НА ИЗЈАВА ЗА АНГАЖИРАН ЕКСПЕРТСКИ ТИМ


I ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ

1. Предмет на договорот за јавна набавка

Предмет на договорот за обезбедување на услуги е „Изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036)“, во корист на Центарот за развој на Источен плански регион (во натамошниот текст: ЦРИПР).

Детален опис на предметот на набавката е даден во делот II Техничка спецификација – проектна задача, на оваа документација.

Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови, во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.

2. Договорни органи

Договорен орган е Фармахем како координатор на Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите во Северна Македонија (БРОЕ), проект финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), во партнерство со ЦРИПР. Краен корисник на резултатите е ЦРИПР, кој заедно со координаторот на БРОЕ ги разгледува и ги одобрува испорачаните резултати.

3. Применливи прописи

Оваа постапка се спроведува согласно Методологија за спроведување на постапка за доделување на договори во рамките на Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите во Северна Македонија (БРОЕ), одобрена од донаторот.

4. Право на учество

Право да достави понуда има секое заинтересирано правно лице од Република Северна Македонија, регистрирано за услуги поврзани со темата на постапката (консултантски услуги, изработка на стратегии и планови, истражување и сл.).

Во случај на група на понудувачи, групата назначува претставник кој ќе има овластување да ги извршува сите деловни активности за и во име на сите членови на групата во текот на постапката и на извршувањето на договорот. Претставникот со понудата доставува и писмено овластување потпишано од сите членови на групата. Сите членови на групата се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на обврските. Договорниот орган комуницира со претставникот на групата.

Понудувачите (или стручни лица/подизведувачи од тимот на понудувачот) со една или повеќе негативни препораки немаат право на учество или ќе бидат изземени од процесот. Негативните препораки може да ги даде донаторот или соодветните институции во државите од интерес.

Понудувачот може да учествува само со една понуда. Сите понуди во кои еден понудувач се јавува во повеќе од една самостојна и/или групна понуда ќе бидат отфрлени.

Лица што учествувале во изготвувањето на документацијата за постапката не можат да учествуваат како понудувачи или членови на група.

5. Трошоци за поднесување на понуда

Понудувачот е одговорен за сите трошоци поврзани со подготовката и поднесувањето на понудата. Договорниот орган нема одговорност за овие трошоци без оглед на исходот од постапката.

6. Разлики во цена (корекција на цени)

Не се предвидува корекција на цените. Цените искажани во понудата на избраниот понудувач се фиксни за целото времетраење на договорот.

7. Јазик во понудата

Понудата, целосната кореспонденција и документацијата во врска со неа се доставуваат на македонски јазик. Финалната стратегија се доставува и во овластен превод на англиски јазик (види дел II).

8. Спречување на судир на интереси

Понудувачот не смее при извршување на договорот да ангажира лица кои биле вклучени во евалуацијата на понудите во оваа постапка. Во таков случај договорниот орган има право да го раскине договорот. Понудувачот ќе го пријави секој потенцијален судир на интереси, особено ако член на тимот е вработен во ЦРИПР, во општина од Источниот плански регион или во друга институција чии одлуки се предмет на стратегијата.

9. Појаснување, изменување и дополнување на проектната задача

9.1. Секое барање за информација или објаснување во врска со проектната задача и другите документи се испраќа по електронска пошта на jasminka@farmahem.com.mk . Договорниот орган одговара во рок од 5 дена од приемот на пораката. Прашања може да се поставуваат најдоцна 6 дена пред истекот на рокот за доставување на понудите.

9.2. Договорниот орган го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања од понудувачите, да ја измени или дополни проектната задача, која ќе ја објави на ист начин како и јавниот повик.

10. Квалификации на понудувачите

10.1 Формални барања

  • Почитување на рокот за поднесување на понудите – понудите мора да се достават во наведениот рок;
  • Почитување на формата – понудите мора да се достават на образците дадени во Прилозите 1 до 4 на оваа тендерска документација.

10.2 Определување на соодветноста – следните критериуми мора да бидат исполнети, во спротивно понудата нема да се разгледува:

  • лична состојба;
  • способност за вршење на професионална дејност;
  • техничка или професионална способност.

11. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите 

За да учествува во постапката, понудувачот доставува Изјава за докажување на способност (Прилог 3) на свој меморандум или ги доставува документите наведени подолу.

11.1. Докажување на лична состојба

  • изјава на понудувачот дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
  • потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
  • потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
  • потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата во која економскиот оператор е регистриран;
  • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
  • потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, ниту привремена забрана за вршење на одделна дејност.

Документите од точка 11.1 не смеат да бидат постари од 6 месеци и се доставуваат во оригинал или копија потврдена од понудувачот.

11.2. Докажување на способност за вршење на професионална дејност

Понудувачот доставува документ/потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како правно лице за вршење на дејност поврзана со предметот на договорот во оригинал или копија заверена од понудувачот со печат и потпис на одговорното лице со назнака „Верно на оригиналот“.

11.3. Докажување на техничка или професионална способност

Економскиот оператор ја докажува техничката и професионалната способност со задолжително доставување на следната документација:

  • профил на економскиот оператор со минимум 10 години искуство во изработка на стратегии и стратешки документи од областа на туризмот, заштита на природата или одржлив развој руралниот развој и сродни области;
  • референтна листа со најмалку 2 изработени исти или слични активности (изработка на стратегија, програма, акционен план или анализа во делот на туризам, рурален развој, заштита на природата или одржлив развој) во последните 5 години, со контакт на нарачателите кои можат да ја потврдат референцата;
  • образовни и професионални квалификации на сите членови на понудениот тим на експерти (CV). Во биографиите јасно се изнесуваат релевантноста и подрачјата што секој од нив ќе ги покрие, како и квалификациите за проектната задача.
11.3.1. Образовни и/или професионални квалификации на понудениот тим на експерти

Правното лице треба да ги има вработено/ или ангажирано следните експерти:

 

Позиција 

Минимални квалификации и искуство  

Клучен експерт бр. 1 – Координатор / тим-лидер / Експерт за одржлив туризам и регионален развој 

  • Магистерски студии (најмалку VII/2 степен или 300 ЕКТС кредити) од областа на туризмот, економијата или природните науки. Докторските студии се сметаат за предност.
  • Раководел со изработка на најмалку 3 (три) релевантни стратегии или планови/програми за развој на туризмот, културното наследство, заштитата на природата или одржливиот развој, во својство на тим-лидер, главен координатор или раководител на проект и експертски тим, во последните 5 (пет) години сметано од крајниот рок за поднесување на понуди.
  • Учество во најмалку 3 (три) проекти од областа на туризмот, културното наследство, заштитата на природата или одржливиот развој, финансирани од странски донатори, во последните 5 (пет) години.

Клучен експерт бр. 2 – Експерт за економско-финансиски анализи и анализа на трошоците и придобивките (cost-benefit) 

  • Високо образование (најмалку VII/1 степен или 240 ЕКТС кредити) од областа на економијата или сродна област.
  • Учество во најмалку 3 (три) проекти на позиција експерт за економско-финансиски анализи (cost-benefit), валоризација на потенцијали за развој или други активности поврзани со економската исплатливост, во последните 5 (пет) години.
  • Најмалку 5 (пет) години искуство во економско-финансиски анализи (cost-benefit), валоризација на потенцијали за развој или други активности поврзани со економската исплатливост.

Клучен експерт бр. 3 – Експерт за оцена на изводливост 

  • Високо образование (најмалку VII/1 степен или 240 ЕКТС кредити) од областа на градежништвото или архитектурата. Магистерските студии се сметаат за предност.
  • Искуство во проценка на изводливост на проекти и најмалку 2 (два) проекти во кои бил ангажиран за оцена на изводливост во последните 5 (пет) години сметано од крајниот рок за поднесување на понуди.

Дополнителна поддршка: по потреба, понудувачот треба да вклучи дополнителна експертиза во области како  рурален туризам, културно наследство, природно наследство, земјоделство, просторни податоци, консултации и туристичко брендирање.

За сите експерти потребно е солидно познавање на релевантното национално и ЕУ законодавство и политики од областа на туризмот и заштитата на природата и одлично познавање на англиски јазик.

11.3.2. Документи за докажување на квалификациите на експертите

Учеството на експертите во исти и/или слични проекти се утврдува од доставеното CV, a релевантното искуство се докажува со листа на референци. Како доказ за образовните и професионалните квалификации се доставуваат дипломи, сертификати, потврди или друг доказ издаден од правни лица.

Напомена: листата на референци на клучните експерти се бодува како елемент „квалитет“ од критериумот за избор на најповолна понуда. Доколку не се исполнат минималните услови, понудата се отфрла како неприфатлива. Едно исто лице може да биде предложено само за една клучна експертска улога, во спротивно понудата се отфрла како неприфатлива. 

11.3.3. Достапност на лицата одговорни за извршување на задачите

Клучните експерти треба да бидат вработени кај понудувачот или ангажирани врз основа на договор, и да приложат Изјава за вклученост во тимот, потпишана и заверена од понудувачот (Прилог 4).

11.3.4. Група понудувачи

Ако се поднесува понуда како група понудувачи, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови заедно, а задолжително се доставува договор за групна понуда со распределба на активностите од проектната задача за секоја договорна страна посебно.

12. Содржина на понудата

12.1. Начин на изготвување на понудата

Понудата се изготвува во согласност со условите од проектната задача и мора да ги содржи сите елементи од образците во Прилозите 1 до 4. Образците задолжително се пополнуваат без измена на нивната форма, во спротивно понудата може да биде отфрлена како неприфатлива. Понудувачот подготвува еден оригинален примерок.

12.2. Елементи на понудата 

  • изјава со потпис и печат дека понудувачот ги разбира и прифаќа сите барања во објавениот повик;
  • образец на понуда (Прилог 1);
  • техничка понуда со методологија, работен план и распоред на активности, пристап кон консултациите со засегнатите страни, организација на тимот и преглед на ризици (дел 2 од Прилог 1);
  • финансиска понуда (Прилог 2);
  • изјава за докажување на способноста (Прилог 3) или документи за докажување на лична состојба;
  • документи за докажување на професионална дејност;
  • документи за докажување на техничка или професионална способност;
  • изјава за ангажиран експертски тим (Прилог 4);
  • писмено овластување за претставникот на групата економски оператори (само за група).

12.3. Цена во понудата 

  • Понудената цена ги вклучува сите трошоци на понудувачот и се изразува без ДДВ, бидејќи проектот е регистриран во Централната база на податоци за странска помош (CDAD) и е ослободен од ДДВ;
    • цената се пишува и со цифри и со букви; при несовпаѓање важи цената напишана со букви;
    • ако цената е повисока од предвидените средства, но понудувачот ги исполнува останатите критериуми, Комисијата може да ја поништи постапката или да преговара со понудувачот за намалување на цената;
    • ако двајца понудувачи имаат иста цена, предност има понудата доставена прва според приемот во архивата (датум и час).

12.4. Валута на понудата 

Цената се изразува во [македонски денари (МКД) ].

12.5. Период на важност на понудата 

Периодот на важност на понудата е 30 дена од денот утврден како краен рок за поднесување, во кој понудата е обврзувачка за понудувачот.

12.6. Поднесување на понудата 

Понудувачот подготвува и доставува еден оригинален примерок во писмена форма и еден електронски примерок, потпишани од одговорното или овластено лице, спакувани во еден коверт со назнака “За Јавен повик (Реф. Бр. 03/07/988)”

12.7 Адреса на доставување на понудите

Понудите се доставуваат на следнава адреса:

Ул. Кичевска бр. 1, 1060 Скопје

12.8. Краен рок за доставување на понудите 

Краен рок е 16.12.2026 до 15:00 часот.

Понудата поднесена по истекот на рокот се отфрла како задоцнета и му се враќа на понудувачот неотворена.

12.9 Принцип на една понуда 

Едно правно лице може да поднесе само една понуда, без оглед дали ја доставува поединечно или како член на група. Во спротивно сите понуди во кои се јавува тоа лице се отфрлаат.

13. Отворање и евалуација на понудите

13.1. Отворање на понудите 

Отворањето на понудите не е јавно. Понудите ги отвора Комисија за евалуација и за тоа се води записник.

13.2. Евалуација на понудите 

Комисијата за евалуација ги оценува понудувачите и понудите врз основа на следниов модел:

Формални барања (елиминациони) 

Да/Не 

Понуда поднесена во бараниот рок

Да/Не

Комплетна понуда

Да/Не

 

Критериуми за соодветност (елиминациони) 

Доставени 

Валидни 

Докази за утврдување на лична состојба (се оценува секое барање посебно)

Да/Не 

Да/Не 

Докази за способност за вршење на професионална дејност

Да/Не 

Да/Не 

Докази за техничка или професионална способност (се оценува за економскиот оператор и за секој експерт посебно)

Да/Не 

Да/Не 

 

Критериуми за доделување на договор: економски најповолна понуда 

Бодови 

Елемент 1 - Квалитет на техничка понуда

70

Елемент 2 – Цена на понудата

30

Вкупно

100

 

1 Квалитет (техничка понуда) – 70 бода

  • под-елемент 1 – искуство на понудувачот во реализација на исти или слични проекти, врз основа на референтната листа (20 бода);
  • под-елемент 2 – стручност и искуство на понудените експерти, врз основа на листата на референци и CV (30 бода);
  • под-елемент 3 – методологија за изработка на Стратегијата и акцискиот план, интеграција на биолошката разновидност и екосистемската отпорност, работен план, консултации и координација (20 бода).

Понудата која ќе освои помалку од [35] бода за квалитет не се разгледува понатаму.

2 Финансиска понуда – 30 бода

Цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови (максималниот утврден) ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:

Број на бодови=

Најниска понудена цена (без ДДВ) ∗ Максимален број бодови       

Понудена цена (без ДДВ)

 

13.2.1. Договорот се доделува на понудувачот со највисок вкупен број бодови. 

13.2.2. Ако стигне само една понуда, таа мора да го исполни минималниот праг на бодови за квалитет за да биде избрана.

13.2.3. Ако најповолната прифатлива понуда е со цена повисока од планираните средства, договорниот орган преговара со понудувачот или ја поништува постапката.

13.2.4. Договорните органи го задржуваат правото да ги поканат понудувачите од потесниот избор на презентација на методологијата и работниот план.

13.2.5. Избраниот понудувач се известува писмено во рок од 5 дена од донесувањето на одлуката, а останатите по потпишувањето на договорот. Понудувачите кои не биле избрани немаат право на жалба. Информацијата за избраниот понудувач се објавува на интернет-страницата на договорниот орган.

13.3. Доверливост на процесот на евалуација 

Ниту една информација за разгледувањето, оценката и споредбата на понудите не се открива на понудувачите или на лица кои не се службено вклучени во процесот.

13.4. Појаснување на понудите

Дополнителни документи по истекот на рокот не се прифаќаат. Комисијата може да побара појаснување по електронска пошта, а одговорот се дава директно до испраќачот.

14. Доделување и склучување на договорот 

14.1. Нацрт-одлуката за избор на најповолен понудувач ја донесува Комисијата за евалуација заедно со извештајот за евалуација, и ја испраќа на одобрување до тим лидерот на БРОЕ.

14.2. Понудувачот чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број бодови како збир на бодовите по секој елемент, потпишува договор со координаторот на БРОЕ (Фармахем).

14.3. Договорот се доставува до избраниот понудувач во 2 (два) примерока на потпишување.

14.4. Избраниот понудувач е должен да го потпише договорот во рок од 7 (седум) календарски дена од денот на добивање и да го врати на договорниот орган.

15. Рок за извршување на услугата 

Рокот за извршување е согласно проектната задача и е 6 (шест) месеци од денот на потпишување на договорот. Финалната стратегија треба да биде усвоена од Советот за развој на Источен плански регион.

16. Начин на плаќање

Начинот, динамиката, роковите и условите за плаќање ќе се утврдат во договорот, при што Фармахем врши директна исплата на избраниот понудувач. Вредноста на договорот се исплатува без вклучен ДДВ, бидејќи проектот е ослободен од ДДВ.

17. Поништување на постапката за доделување на договор

Постапката може да се поништи кога:

  • не е пристигната ниедна понуда;
  • ниедна понуда не ги исполнува условите за евалуација;
  • избраниот понудувач не го потпише договорот во рокот од точка 14.4, при што договорниот орган го задржува правото да смета дека се откажал од склучување на договорот.

II ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА: „ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ИСТОЧЕН ПЛАНСКИ РЕГИОН СО АКЦИОНЕН ПЛАН (2027–2036)“

1. ЗА ПРОГРАМАТА ЗА БИОЛОШКА РАЗНОВИДНОСТ И ОТПОРНОСТ НА ЕКОСИСТЕМИТЕ

Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистеми (БРОЕ) е проект поддржан од Владата на Швајцарија (СДЦ) кој се спроведува од конзорциум предводен од Фармахем, во партнерство со Helvetas Swiss Intercooperation и во соработка со Македонското еколошко друштво како подизведувач. Програмата ќе придонесе кон унапредување на заштитата на природата, ќе ја зголеми отпорноста кон климатските промени и ќе создаде нови можности за егзистенција и развој на локалните заедници во брегалничкиот регион.

Програмата се фокусира на три клучни столба:

  • ОДРЖЛИВОСТ (SUSTAIN) – Подобрување на интегрираното управување и финансиската одржливост на заштитените подрачја Осогово и Малешево.
  • ОБНОВА (RESTORE) – Создадени услови за спроведување на реставрациски мерки засновани на научни докази, отпорни на климатските промени, со воспоставени основи за нивно одржливо финансирање.
  • ПОТТИКНУВАЊЕ (CATALYZE) – Зајакнати стратешки рамки и подобрени знаења и капацитети на засегнатите страни за инклузивна заштита на биолошката разновидност, отпорна на климатските промени.

За да се обезбеди одржливост на интервенциите, Програмата применува системски и пределски пристап, заснован на партнерска одговорност, интердисциплинарна соработка и интегрирано управување. Посебен акцент се става на дијалогот и соработката меѓу засегнатите страни на национално и локално ниво, родовата еднаквост и социјалната вклученост, транспарентноста, отчетноста, доброто управување и размената на знаења и искуства. Главната фаза на Програмата го опфаќа периодот од 1 октомври 2026 година до 31 декември 2027 година.

2. КРАТОК ОПИС НА ИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Источниот плански регион (ИПР) зафаќа површина од 3537 км2, што е 14% од територијата на Република Македонија. Регионот е поделен на 11 општини (Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново-Облешево и Штип), кои имаат вкупно 217 населени места, од кои 209 се карактеризираат како рурални населби. Од источната страна регионот се граничи со Бугарија, а комуникацијата со соседната држава се остварува преку граничниот премин Делчево во општина Делчево. Во фаза на изградба е граничниот премин Клепало, а има потенцијали за активирање и на граничните премини Ајдутска чешма и Црна Скала.

Патната мрежа во регионот е просечно развиена, а локалната патна мрежа е со недостиг на инвестиции и финансиски средства. Значењето на малите и средните претпријатија во производството и отворањето на нови работни места е големо: со интензивниот раст во последните неколку години тие полека го преземаат приматот на најголем производител во нефинансискиот сектор и доминираат со 72% во Источниот регион. Индустријата во однос на вработувањето учествува со 67%.

3. ЗА ПРОЕКТНАТА ЗАДАЧА

Во рамки на активностите кои придонесуваат кон остварување на Резултат 3, предвидено е да се реализира програмската активност „Изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036)“, во партнерство со Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР).

Источниот плански регион, според својата географска положба и големиот број природни и алтернативни потенцијали, постоечката археологија, културните споменици и останатите туристички места, има добри предуслови да се развие во интересна туристичка дестинација. Во последниве години значаен е бројот на проекти и иницијативи со различен степен и обем кои се реализираат во делот на туризмот во регионот. Изработени се и повеќе стратешки документи од областа на туризмот и одржливиот развој на регионално и локално ниво, вклучително и Стратегијата за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2016–2025).

Предмет на задачата е да се подготви Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036), при што ќе се направи анализа на реализацијата на претходната стратегија (2016–2025), ќе се направи пресек на состојбата со туризмот врз основа на тековни и реални податоци и ќе се развијат приоритети и активности, земајќи ги предвид заштитата на биолошката разновидност и отпорноста на екосистемите. Анализата треба да ги разгледа природното и културното наследство, руралните предели, туристичките локалитети, сместувачките капацитети, инфраструктурата и локалните економски активности, заедно со притисоците врз биолошката разновидност и екосистемите.

Понудувачот треба да обезбеди ажурирана појдовна основа од официјални и проверливи извори, со година, територијален опфат и ограничувања за секој податок. Просторните анализи треба да ги земат предвид важечките режими на заштита и управување и чувствителноста на природните локалитети.

Спроведувањето на оваа активност со инклузивен пристап ќе придонесе за зајакнување на усогласеноста на политиките, подобро интегрирање на аспектите на биолошката разновидност во стратешката рамка за развој на одржлив туризам и зголемување на капацитетите на институциите за поефективно комуницирање и унапредување на регионалните приоритети поврзани со биолошката разновидност.

3.1. ОБЕМ НА ЗАДАЧАТА (РАБОТИ)

А. Анализа на спроведувањето на Стратегијата за развој на туризмот со акционен план (2016–2025). Понудувачот треба да направи преглед на планираните и реализираните мерки, достапните извештаи, вложените средства и постигнатите резултати; да ги утврди нереализираните активности и причините за тоа; да ги документира научените лекции и препораките за периодот 2027–2036. Евалуацијата треба да се заснова на документарна анализа и консултации со институциите и другите засегнати страни. За секој заклучок се наведуваат доказите и ограничувањата.

Б. Ажурирана анализа на состојбата и потенцијалите за развој на туризмот и усогласување со релевантни стратешки документи. Како аналитичка основа за новата Стратегија треба да се земат предвид релевантните плански документи и институционални надлежности: Предлог-Национална стратегија за развој на туризмот (2027–2032), Национална развојна стратегија, Стратегија за рамномерен регионален развој (2021–2031), Стратегија за заштита и користење на културното наследство (2026–2031), нацрт просторен план на ИПР, Програма за развој на ИПР (2027–2031), Стратегија за визуелизација на ИПР, Планови за управување со ЗП Осоговски Планини и ЗП Малешево, стратегии за ЛЕР на 11-те општини од ИПР, како и останати стратешки документи и планови на национално, регионално и локално ниво (локални планови за животна средина, национална стратегија за биолошка разновидност, стратегија за животна средина, регионален план за управување со отпад, локални стратегии за туризам и сл.); регионални статистики од ДЗС; анализа на туристичката понуда, статистички податоци за посетеност на регионот, побарувачката и сезоналноста; мапирање на природните и културните вредности и туристичките локалитети; оценка на инфраструктурата и услугите; анализа на локалните синџири на вредност и можностите за одржлив рурален и природно базиран туризам. Треба да се идентификуваат притисоците од посетители, отпад, користење вода и земјиште, како и релевантните климатски ризици.

В. Стратегија за развој на туризмот на ИПР со акционен план (2027–2036). Стратегијата за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036) треба да биде изработена врз основа на евалуацијата на претходната стратегија (2016–2025) и ажурираната анализа на состојбата и потенцијалите за развој на туризмот во регионот. Стратегијата треба да биде усогласена и да ги содржи задолжителните поглавја од релевантните упатства за изработка на стратешки документи.

Стратегијата треба да го опфати периодот 2027–2036 и да обезбеди интегрирање на зачувувањето на биолошката разновидност, отпорноста на екосистемите и одржливите локални економски придобивки во планирањето на туристичкиот развој. Во Стратегијата треба да бидат разработени следниве поглавја:

  • Методологија за изработка на Стратегијата, со извори на податоци и пристап за вклучување на засегнатите страни.
  • Евалуација на Стратегијата (2016–2025) и анализа на постојната состојба на туризмот во ИПР — дефинирање на појдовната основа, постигнатите резултати, ограничувањата и научените лекции.
  • Стратешки насоки за туристички развој на ИПР (2027–2036): SWOT анализа, визија, главна цел, специфични цели, приоритети и туристичко позиционирање, со интегрирани аспекти на биолошката разновидност и климатската отпорност.
  • Насоки за туристичко зонирање, усогласени со важечките режими на заштита и управување и чувствителноста на природните локалитети.
  • Мерки за развој на одржлива туристичка понуда и локални економски придобивки, со насоки за промоција и визуелен идентитет на регионот.
  • Рамка за управување и финансирање и план за мониторинг и евалуација на стратешките цели и индикатори.
  • Акционен план со конкретни мерки, проекти и активности, носители и партнери, рокови, индикатори, појдовни и целни вредности каде што се утврдливи, индикативни трошоци, можни извори на финансирање, предуслови и ризици. Приоритетните мерки треба да бидат поткрепени со пропорционална анализа на трошоците и придобивките, вклучувајќи ги ефектите врз природата.
  • Проценка на изводливост за приоритетните мерки.

За да ја подготви Стратегијата, понудувачот треба:

  • да изврши преглед на релевантните документи, закони, регулативи, стратегии и планови на национално, регионално и локално ниво, вклучувајќи ги документите за заштита на природата и управување со заштитените подрачја;
  • да ја опише методологијата за изработка на Стратегијата и користењето на наодите од евалуацијата на претходната стратегија и ажурираната анализа на состојбата и потенцијалите;
  • да ја дефинира појдовната основа за периодот 2027–2036 врз проверливи податоци, со наведени извори, година, територијален опфат и ограничувања;
  • да подготви SWOT анализа и да ги дефинира визијата, главната цел, специфичните цели и приоритетите на туристичкиот развој, земајќи ги предвид зачувувањето на биолошката разновидност и отпорноста на екосистемите;
  • да го разработи туристичкото позиционирање на ИПР и да предложи насоки за туристичко зонирање, усогласени со режимите на заштита и управување, чувствителноста на локалитетите и релевантните климатски ризици;
  • да предложи мерки за одржлива туристичка понуда и локални економски придобивки, како и насоки за промоција и визуелен идентитет;
  • да ги разработи механизмите за управување и финансирање и да подготви план за мониторинг и евалуација на стратешките цели и индикатори;
  • да подготви акционен план со конкретни мерки, проекти и активности и со сите наведени елементи за нивно спроведување и следење, вклучувајќи пропорционална анализа на трошоците и придобивките за приоритетните мерки и нивните ефекти врз природата;
  • детално да разработи најмалку 2 проектни карти за секоја идентификувана стратешка област која е приоритет за развој на туризмот во ИПР.

Понудувачот во предложената методологија може да предложи дополнувања на содржината на Стратегијата и акциониот план во насока на подобрување на нивниот квалитет и применливост, во рамките на утврдениот опфат на задачата.

Понудувачот е должен да обезбеди соодветна експертиза за разработка на сите поглавја и специфични области опфатени со Стратегијата, во согласност со барањата за експертскиот тим. Изработката треба да се спроведува транспарентно и со активно вклучување на ЦРИПР, општините од ИПР, надлежните институции, субјектите за управување со заштитените подрачја, туристичкиот сектор, локалните заедници и другите релевантни засегнати страни, во координација со Единицата за координација на Програмата (ЕКП) и согласно предвидениот партиципативен процес.

Експертскиот тим, во соработка со ЦРИПР, треба да подготви мапа на засегнати страни, консултативен план, работни материјали и извештаи со матрица на забелешки и одговори. За да се обезбеди партиципативен процес, ЦРИПР ќе организира 2 работилници и завршен настан за промоција на Стратегијата. Експертскиот тим треба да обезбеди стручна поддршка за двете работилници и за завршниот настан.

Напомена: Стратешката оцена на влијанието врз животната средина (СЕА) не е предмет на оваа набавка и ќе се спроведе одделно. Понудувачот треба да ја усогласи структурата на документот со барањата за СЕА.

3.2. ЦЕЛ

Целта на овој јавен повик е да се изработи применлива, партиципативно подготвена Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036), која ги користи наодите од евалуацијата на претходната стратегија и го насочува туристичкиот развој кон зачувување на биолошката разновидност, отпорност на екосистемите и одржливи локални економски придобивки.

3.3. РЕЗУЛТАТИ

Понудувачот треба да достави:

  • Нацрт Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036), изработена според прифатената методологија и врз основа на анализа на спроведувањето на Стратегијата (2016–2025) и ажурираната анализа на состојбата и потенцијалите за развој на туризмот. Нацрт-стратегијата треба да содржи рамка за мониторинг и евалуација и предлог за пилот-активности и да биде доставена најдоцна до крајот на четвртиот месец од шестмесечниот ангажман, согласно динамиката во точка 5.
  • Финална Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036), по спроведени консултации и јавна расправа по нацрт-стратегијата, организирани од ЦРИПР со стручна поддршка од понудувачот. Финалната стратегија треба да ги вклучи прифатените забелешки од засегнатите страни, ЦРИПР и ЕКП и релевантните наоди од стратешката оцена, со приложена матрица на забелешки и одговори. Документот се доставува најдоцна до крајот на шестиот месец од ангажманот, согласно точка 5 и по усогласување со потребните рокови за стратешката оцена.
  • Финалната стратегија ќе биде усвоена од Советот за развој на Источен плански регион. ЦРИПР ја координира постапката за усвојување, а понудувачот обезбедува стручна презентација и потребни доработки во рамките на договорениот опфат.
  • Завршен извештај за консултантската задача и уредена електронска архива на предадените документи и податоци.

Листата на испораки се потврдува во конечната тендерска документација. Прифаќањето се заснова на исполнување на одобрениот опфат, квалитет и проверливост на анализите, обработка на забелешките од ЦРИПР и ЕКП и усогласеност меѓу Стратегијата и стратешката оцена.

4. ТЕХНИЧКА ИЛИ ПРОФЕСИОНАЛНА СПОСОБНОСТ

За да се квалификува како способен за извршување на договорот од аспект на техничката и професионалната способност, понудувачот треба да докаже релевантно искуство во стратешко планирање на туризмот, регионален или одржлив развој и спроведување на партиципативни процеси.

Потребни квалификации на понудувачот. Понудувачот треба да има минимум 10 години искуство во изработка на стратегии и стратешки документи од областа на туризмот, руралниот развој и слични области и најмалку 2 изработени исти или слични активности (изработка на стратегија, програма, акционен план или анализа во делот на туризам, рурален развој, заштита на природата или одржлив развој) во последните 5 години. Искуството задолжително се докажува со референтна листа, опис на сопствениот ангажман и потврди за успешно извршени услуги.

Достапност на лицата одговорни за извршување на задачите. Понудувачот треба да има вработено или ангажирано лица одговорни за изработка на Стратегијата и да обезбеди тие да бидат достапни во периодот на извршување на договорот и да не учествуваат во друга понуда за истиот повик. Тимот треба да ги покрива минимум следниве области и задачи:

  • Координатор на проектот / тим-лидер / Експерт за одржлив туризам и регионален развој (Клучен експерт бр. 1);
  • Експерт за економско-финансиски анализи и анализа на трошоците и придобивките (cost-benefit) (Клучен експерт бр. 2);
  • Експерт за оцена на изводливост (Клучен експерт бр. 3).

Едно исто лице може да биде предложено само за една клучна експертска улога. Во спротивно, понудата ќе биде отфрлена како неприфатлива. Минималните образовни и професионални квалификации на тимот се дадени во точка 11.3.1 од Делот I.

4.1. Квалификации, искуство и задачи на експертскиот тим

  • Клучен експерт бр. 1 – Координатор / тим-лидер: Ќе раководи со целиот процес на евалуација на претходната стратегија (2016–2025), подготовка на ажурираната анализа на состојбата и потенцијалите за развој на туризмот и изработка на Стратегијата со акционен план (2027–2036). Ќе ги координира другите експерти, ќе ја подготви методологијата и ќе учествува во консултациите и активностите за остварување на проектните резултати, во соработка со ЦРИПР и ЕКП. Ќе биде одговорен за навремена и квалитетна изработка на документите и за интегрирање на зачувувањето на биолошката разновидност и отпорноста на екосистемите во Стратегијата.
  • Клучен експерт бр. 2 – Експерт за економско-финансиски анализи: Ќе биде одговорен за анализа на трошоците и придобивките (cost-benefit) од приоритетните мерки и проекти, процена на економските придобивки од различните видови туризам и од туризмот во целина и разработка на модел на раст. Ќе ги подготви индикативните буџети, ќе ги идентификува можните извори на финансирање и ќе ја оцени економско-финансиската изводливост на приоритетните мерки, земајќи ги предвид локалните економски придобивки и ефектите врз биолошката разновидност и екосистемите.
  • Клучен експерт бр. 3 – Експерт за оцена на изводливост: Ќе биде задолжен за проценка на изводливоста на предложените приоритетни мерки, земајќи ги предвид сите релевантни законски, административни и технички услови.
  • Дополнителна поддршка: по потреба, понудувачот треба да вклучи дополнителна експертиза во области како  рурален туризам, културно наследство, природно наследство, земјоделство, просторни податоци, консултации и туристичко брендирање. Обемот на поддршката се образложува во методологијата.

Минималните барања за образование и искуство на клучните експерти се дадени во точка 11.3.1 од Делот I. Во техничката понуда понудувачот треба да наведе листа на предвидени позиции и лица, нивната експертиза и поделбата на задачите, и да го образложи распоредот на работните дена по задачи.

5. РОК ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ

Рокот за извршување е 6 месеци од денот на потпишување на договорот, и тоа: 4 месеци за изработка на нацрт-стратегијата и 2 месеци за финализирање на документите и завршниот извештај. Финалната стратегија мора да биде усвоена од Советот за развој на Источен плански регион, со што проектната задача се смета за целосно завршена.

6. ЈАЗИК, ФОРМАТ И ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТОТ

Стратегијата за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036) треба да биде изработена на македонски јазик, со овластен превод на англиски јазик, во печатена и електронска форма. Понудувачот е обврзан да достави до договорниот орган:

  • 50 (педесет) печатени примероци на македонски јазик и 10 примероци на англиски јазик од Стратегијата со акционен план, со дизајнирана корица;
  • електронска форма од Стратегијата со акционен план, со табеларна содржина на акциониот план, на македонски и англиски јазик.

Финалните верзии на документот треба да бидат лекторирани. Дизајнот и квалитетот на печатената и електронската верзија треба да се дефинираат според упатствата и препораките од ЕКП при „Фармахем“ и ЦРИПР. Финалната стратегија ќе биде во сопственост на ЦРИПР, поради што покрај печатените верзии задолжително се доставува и финалната верзија со дизајнирана корица, подготвена за печатење, на македонски и на англиски јазик.

7. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

Оценувањето се уредува според одобрената Методологија на БРОЕ, заснована на соодносот 70 бодови за квалитет на техничката понуда и 30 бодови за финансиска понуда (види точка 13.2 од Делот I).

  • Техничка понуда — 70 бодови: искуство на понудувачот во реализација на исти или слични проекти, врз основа на референтната листа (20 бодови); релевантни квалификации и искуство на тимот на понудените експерти, врз основа на листата на референци и CV (30 бодови); методологија за изработка на Стратегијата, акциониот план и интеграцијата на биолошката разновидност и екосистемската отпорност, работен план, консултации и координација (20 бодови);
  • Финансиска понуда — 30 бодови: максималниот број бодови го добива најниската прифатлива цена, а бодовите за другите понуди се доделуваат според формулата дадена во точка 13.2 од Делот I.

8. БУЏЕТ И ИСПЛАТА НА СРЕДСТВА

Програмата за биолошка разновидност и отпорност на екосистемите (БРОЕ), во чии рамки се реализира овој јавен повик, е финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ). Програмски координатор е „Фармахем“ ДООЕЛ – Скопје.

Проектот е регистриран во Централната база на податоци на Република Северна Македонија за странска помош (CDAD), поради што е ослободен од ДДВ и вредноста на договорот на понудувачот ќе му биде исплатена без вклучен ДДВ.

9. МОНИТОРИНГ И ЕВАЛУАЦИЈА ПРИ ИЗРАБОТКА НА ДОКУМЕНТИТЕ

ЦРИПР врши мониторинг и евалуација на работата на понудувачот, обезбедува постојана комуникација и дава сугестии за усогласување со целите и резултатите на Програмата. „Фармахем“/ЕКП врши дополнителен мониторинг и евалуација и ја следи усогласеноста со договорените обврски.

Мониторингот опфаќа: напредок според работниот план; квалитет и извори на податоците; територијална и тематска покриеност; документирано учество на засегнатите страни; вградување мерки за биолошка разновидност и отпорност; усогласеност со стратешката оцена; и изводливост на акциониот план.

10. ТРАНСВЕРЗАЛНИ ТЕМИ

Понудувачот посебен акцент треба да стави на интегрирањето на климатската отпорност и вклучувањето на приватниот сектор во подготовката на Стратегијата и акциониот план (2027–2036), согласно пристапот на Програмата БРОЕ. Предложената методологија треба да ги опфати следниве аспекти:

  • Климатска отпорност: разгледување на влијанијата на климатските промени врз биолошката разновидност, шумските екосистеми, пожарите, достапноста на вода и распространетоста на видовите, како и на улогата на здравите екосистеми во климатската адаптација, намалувањето на ризиците од катастрофи и врзувањето јаглерод.
  • Интегрирано планирање и финансирање: вградување на климатските аспекти во туристичкиот и регионалниот развој, во согласност со планирањето за биолошката разновидност и управувањето со заштитените подрачја, и идентификување потреби за јакнење на институционалните капацитети за пристап до меѓународно климатско финансирање и финансирање за биолошка разновидност, вклучувајќи го Зелениот климатски фонд и слични инструменти.
  • Партнерства со приватниот сектор: вклучување на приватниот сектор како стратешки партнер за иновации, одржливо финансирање и одговорно користење на ресурсите, преку соработка со управувачите на заштитените подрачја и локалните заедници за развој на одржливи туристички деловни модели што придонесуваат за зачувување на биолошката разновидност.
  • Приватно кофинансирање и инвестиции: разгледување можности за поддршка на зачувувањето и обновата на екосистемите преку корпоративна општествена одговорност (CSR) и пристапи усогласени со еколошките, социјалните и управувачките критериуми (ESG), како и иновативни финансиски механизми за поддршка на зачувувањето на природата и биолошката разновидност.

ПРИЛОГ 1 – ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА

Врз основа на Јавен повик Реф. број 03/07/988 од Фармахем, за доделување на договор за јавна набавка „Изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036)“, со спроведување на тендерска постапка согласно Методологија/правила на договорниот орган, ја поднесуваме следнава:

 

ПОНУДА

Дел 1 – Информации за понудувачот

1.1. Име на понудувачот: ____________________________________

1.2. Контакт информации: адреса ______________________; телефон ______________________; е-пошта ______________________; лице за контакт ______________________

1.3. Одговорно лице: ____________________________________

1.4. Даночен број: ______________________

1.5. ЕМБС: ______________________

1.6. Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот согласно со Техничката и Финансиската понуда.

1.7. Нашата понуда е составена од следниве делови: пополнет образец на понуда; документи за докажување на личната состојба; документ за докажување на способноста за вршење на професионална дејност; докази за исполнување на техничката или професионалната способност; техничка понуда; финансиска понуда; изјава за ангажиран експертски тим; писмено овластување за претставникот на групата економски оператори (доколку станува збор за индивидуален понудувач, оваа алинеја да се избрише).

1.8. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во повикот и документацијата и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договорот.

 

Место и датум:

 

Одговорно/овластено лице:

 

(потпис и печат)

 

Дел 2 – Техничка понуда

2.1. Согласни сме да ги понудиме услугите „Изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036)“, во согласност со проектната задача и тендерската документација.

2.2. Се согласуваме со рокот за извршување на услугата утврден во тендерската документација.

2.3. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација.

2.4. Согласни сме со начинот на извршување на услугата, обемот и јазикот на изработка на потребните материјали, како и со начинот на доставување утврдени во тендерската документација.

2.5. Ја доставуваме документацијата потребна за евалуација на техничката понуда (квалитет) за трите под-критериуми.

2.6. Нашата техничка понуда е обврзувачка за нас.

2.7. Во прилог доставуваме методологија и работен план за спроведување на проектната задача (пристап кон евалуацијата на претходната стратегија, ажурираната анализа на состојбата, изработка на Стратегијата и Акцискиот план, интеграција на биолошката разновидност и екосистемската отпорност, консултации со засегнатите страни, распоред на активности, организација на тимот и ризици).

 

Место и датум:

Одговорно/овластено лице:

 

(потпис и печат)

 

ПРИЛОГ 2 – ФИНАНСИСКА ПОНУДА

Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува: ______________ [со цифри] ______________________________________ [со букви] [валута].

Вкупниот износ на ДДВ изнесува ______________ [валута].

Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација и во целост ги прифаќаме условите предвидени во неа.

 

Место и датум:

Одговорно/овластено лице:

 

 (потпис и печат)

 

ПРИЛОГ 3 – ИЗЈАВА ЗА ДОКАЖУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА

ИЗЈАВА

Под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека за ______________________ [се наведува назив на економскиот оператор] не постојат причини за исклучување од постапката, како и дека во целост ги исполнува бараните услови за утврдување на способноста наведени во тендерската документација за реализација на предметот на набавката по Јавен повик бр. 03/07/988 за доделување на договор за услуги со предмет „Изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036)“.

Истовремено изјавувам дека ги имам на располагање сите потребни документи за докажување на исполнувањето на бараните услови, кои ќе му бидат доставени на договорниот орган доколку нашата понуда биде избрана за најповолна.

 

Место и датум:

Одговорно/овластено лице:

 

 (потпис и печат)

 

ПРИЛОГ 4 – ОБРАЗЕЦ НА ИЗЈАВА ЗА АНГАЖИРАН ЕКСПЕРТСКИ ТИМ

Изјава за лица одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, по Јавен повик 03/07/988

Изјавувам дека од ______________________ (назив на понудувачот) за реализација на предметот на набавката по Јавен повик бр. 03/07/988, односно за извршување на задачите предмет на договорот „Изработка на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2027–2036)“, ќе биде ангажиран следниот тим:

Позиција 

Име и презиме 

Клучен експерт бр. 1 – Координатор / тим-лидер / Експерт за одржлив туризам и регионален развој 

 

Клучен експерт бр. 2 – Експерт за економско-финансиски анализи и анализа на трошоците и придобивките (cost-benefit) 

 

Клучен експерт бр. 3 – Експерт за оцена на изводливост 

 

Дополнително ги предлагаме следните лица како дел од тимот:

Позиција 

Име и презиме 

 

 

 

 

Горенаведените лица, одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, ќе бидат ангажирани и достапни за целото времетраење на реализацијата на договорот.

Предложените лица се исклучиво ангажирани само за оваа цел и нема да бидат ангажирани од друг економски оператор за извршување на задачите предмет на конкретната набавка, односно нема да учествуваат во друга понуда за извршување на задачите предмет на договорот, во спротивно прифаќаме нашата понуда да биде отфрлена како неприфатлива.

 

Место и датум:

Одговорно/овластено лице:

 

(потпис и печат)


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk