УПАТСТВО ЗА ПРАВИЛНО ЗЕМАЊЕ НА ПРИМАРНИ ПРИМЕРОЦИ –ИНФОРМАЦИИ ЗА ПАЦИЕНТИ И КОРИСНИЦИ

СОДРЖИНА

1. Список на испитувања кои се прават во ПЗУ Дијагностика Фармахем

2. Упатства за подготовка на лицето пред испитувањето 

a) Испитување на урина

б) Испитување на крв: 

- Општи правила;

- Специфичен пристап за определени тестови:

  • Определување на липиден статус;
  • Серумско железо;
  • ОГТТ;
  • Тумор маркери.

3. Достапност за добивање на совет и интерпретација на резултатите

4. Политика на ПЗУ Дијагностика Фармахем за заштита на личните податоци

5. Постапка на ПЗУ Дијагностика Фармахем во врска со жалба на корисник


1. СПИСОК НА ДОСТАПНИ ЛАБОРАТОРИСКИ ИСПИТУВАЊА*

 

Аналит

 

 

Примерок

 

Метода

 

Волумен на

примерок

 

ТАТ

Стабилност на аналитот во примерокот

Крвна слика

ЕДТА полна крв

ACC

500 uL

2 часа

До 24 часа на 28 ºC

Седиментација

Na-цитрат полна крв

Westergren

1.6 mL

2 часа

До 6 часа на 28 ºC

Урина-хемиска анализа

Свежа урина

Deep stick

15 mL

1 час

До 2 часа на 2025 ºC

 

Урина-седимент

Свежа урина

Микроскоп

15 mL

1 час

До 2 часа на 2025ºC

 

Албумин

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

7 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

3 месеци на -20 ºC

Алкална фосфатаза

(ALP)

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

7 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

Аланин аминотрансфераза

(ALT)

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

3 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

α-Амилаза

Серум

 

Урина

Фотометрија

200 uL

4 часа

24 часа на 20-25 ºC

7 дена на 4ºC

Неколку месеци на -20 ºC

Аспартат аминотрансфераза

(AST)

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

3 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

Гама-глутамилтрансфераза

(GGT)

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

7 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

1 година на -20 ºC

Гликолизиран хемоглобин (HbA1c)

Полна крв-EDTA

HPLC

100 uL

2 часа

4 часа на 2025 ºC

2 недели на 4 ºC

2 недели на -20 ºC

Лактат-дехидрогеназа

(LDH)

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

4 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

Липаза

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

4 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

1 година на -20 ºC

Директен билирубин

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

2 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

3 месеци на -20 ºC

Вкупен калциум

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

7 дена на 2025 ºC

3 недели на 4ºC

8 месеци на -20 ºC

Вкупен билирубин

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

1 ден на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

6 месеци на -20 ºC

Вкупен холестерол

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

7 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

3 месеци на -20 ºC

Креатинин

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

7 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

3 месеци на -20 ºC

Креатинин киназа

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

2 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

1 месец на -20 ºC

CK-MB

Серум

Фотометрија

200 uL

2 часа

2 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

1 месец на -20 ºC

Глукоза

Серум

Фотометрија

200 uL

2 часа

2 дена на 20-25 ºC

7 дена на 4ºC

3 месеци на -20 ºC

Магнезиум

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

7 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

1 година на -20 ºC

Фосфор

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

1 ден на 2025 ºC

4 дена на 4ºC

1 година на -20 ºC

Натриум

Серум

Јон селективна електрода

500 uL

4 часа

2 недели на 2025ºC

2 недели на 4ºC

1 година на -20 ºC

Калиум

Серум

Јон селективна електрода

500 uL

4 часа

1 неделa на 20-25 ºC

1 неделa на 4ºC

1 година на -20 ºC

Хлор

Серум

Јон селективна електрода

500 uL

4 часа

7 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

1 година на -20 ºC

Јонизиран калциум

Серум

Јон селективна електрода

500 uL

4 часа

24 часа на 4ºC

1 недела на -20 ºC

Железо

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

7 дена на 20-25 ºC

3 недели на 4ºC

1 година на -20 ºC

Вкупни протеини

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

7 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

3 месеци на -20 ºC

Триглицериди

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

2 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

1 година на -20 ºC

Уреа

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

1 ден на 2025 ºC

27 дена на 4ºC

1 месец на -20 ºC

Уратна киселина

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

3 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

6 месеци на -20 ºC

HDL холестерол

Серум

Фотометрија

200 uL

4 часа

2 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

3 месеци на -20 ºC

C-реактивен протеин CRP

Серум

Турбидиметрија

200 uL

4 часа

15 дена на 2025 ºC

2 месеци на 4ºC

3 години на -20 ºC

Анти стрептолизински тест (ASO)

Серум

Турбидиметрија

 

200 uL

4 часа

4 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

1 година на -20 ºC

Реума фактор (RF)

Серум

Турбидиметрија

200 uL

4 часа

7 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

3 месеци на -20 ºC

Седиментација на еритроцити

Полна крв-цитрат

Westergreen

2 mL

2 часа

2 часа на 2025 ºC

Комплетна крвна слика

Полна крв-EDTA

Електронски бројач

3 mL

2 часа

8 часа на 2025 ºC

24 часа на 4 ºC

Урина- тест траки

Урина

Рефлектирачка фотометрија

12 mL

2 часа

30 мин. на 2025ºC

Подолго на +4 ºC

Урина- седимент

Урина

Светлосна микроскопија

20 uL

2 часа

30 мин. на 2025ºC

Подолго на +4 ºC

 

Имуноглобулин А

Серум

Имуно турбидиметрија

200 uL

4 часа

7 дена на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

6 месеци на -20 ºC

Имуноглобулин М

Серум

Имуно турбидиметрија

200 uL

4 часа

1 ден на 2025 ºC

5 дена на 4ºC

6 месеци на -20 ºC

Имуноглобулин Г

Серум

Имуно турбидиметрија

200 uL

4 часа

4 месеци на 2025ºC

8 месеци на 4ºC

8 месеци на -20 ºC

Имуноглобулин Е

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC 

2 дена на 4ºC           

2 години на -20 ºC

D-dimer

Цитратна плазма

AIA

500 uL

3 часа

4 часа на 20-25 ºC

2 дена на 48ºC

2 недели на -20 ºC

Протромбинско време

Цитратна плазма

Коагулометрија

200 uL

3 часа

4 часа на 2025 ºC

8 часа на 48ºC

30 дена на -20 ºC

Активно парцијално тромбопластинско време

Цитратна плазма

Коагулометрија

200 uL

2 часа

4 часа на 2025 ºC

8 часа на 48 ºC

2 недели на -20 ºC

Тиреостимулирачки хормон (TSH)

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

5 дена на 4ºC

1 месец на -20 ºC

Слободен тироксин (FT4)

Серум

AIA

200ul

4 часа

12 часа на 2025 ºC

2 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

Слободен тријодтиронин (FT3)

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

2 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

Anti TPO

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

2 дена на 4ºC

неколку месеци на  -20 ºC

Anti TG

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

6 месеци на -20 ºC

Естрадиол

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

2 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

Пролактин

Серум

AIA

200ul

4 часа

12 часа на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

3 месеци на -20 ºC

Фоликулостимулирачки хормон (FSH)

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

Лутеинизирачки хормон (LH)

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

14 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

DHEA-S

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 20–25 ºC

14 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

Бета HCG

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

Тестостерон

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

Прогестерон

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

3 месеци на -20 ºC

DHEA-S

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

2 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

CEA

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

6 месеци на -20 ºC

CA 19-9

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

1 ден на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

CA 125

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

1 ден на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

СА 15-3

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

5 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

Total PSA

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

2 дена на 4ºC

неколку месеци на -20 ºC

iPTH

Серум

AIA

200 uL

4 часа

4 часа на 2025 ºC

8 часа на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

Vitamin D

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

2 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

Витамин Б12

Серум

AIA

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

2 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

Фолна киселина

Серум

AIA

200 uL

2 часа

2 часа на 20-25 ºC

2 дена на 4ºC

1 месеци на -20 ºC

Феритин

Серум

Турбидиметрија

200 uL

4 часа

12 часа на 2025 ºC

2 дена на 4ºC

неколку месеци на -20 ºC

Troponin I

Серум

FIA

200 uL

2 часа

4 часа на 2025 ºC

2 дена на 4ºC

12 месеци на -20 ºC

Hs CRP

Серум

Фотометрија

200 uL

1 час

3 часа на 2025 ºC

1 ден на 4ºC

3 месеци на -20 ºC

Helicobacter pilory IgА

 

Серум

ELISA

200 uL

1-3 раб.дена

12 часа на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

6 месеци на -20 ºC

Helicobacter pilory IgG

Серум

ELISA

200 uL

1-3 раб.дена

 

12 часа на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

6 месеци на -20 ºC

Алергиски панели

Серум

EIA

500 uL

1-3 раб.дена

12 часа на 2025 ºC

2 дена на 4ºC

2 месеци на -20 ºC

ANA профил - 16

Серум

EIA

500 uL

1-3 раб.дена

12 часа на 2025 ºC

7 дена на 4ºC

6 месеци на -20 ºC

Helicobacter pillory Ag

Фецес

ICH

Колку зрно грашок

2 часа

2 часа на 2025 ºC

5 дена на 4ºC

FOB

Фецес

ICH

150 uL

2 часа

2 часа на 2025 ºC

5 дена на 4ºC

Metamfetamin

Урина

ICH

200 uL

2 часа

2 часа на 2025 ºC

1 ден на 2-8ºC

1 недела на -20 ºC

Metadon

Урина

ICH

200 uL

2 часа

2 часа на 2025 ºC

1 ден на 2-8ºC

1 недела на -20 ºC

Трициклични антидепресиви

Урина

ICH

200 uL

2 часа

2 часа на 2025 ºC

1 ден на 2-8ºC

1 недела на -20 ºC

Опијати

Урина

ICH

200 uL

2 часа

2 часа на 20-25 ºC

1 ден на 2-8ºC

1 недела на -20 ºC

THC

Урина

ICH

200 uL

2 часа

2 часа на 2025 ºC

1 ден на 2-8ºC

1 недела на -20 ºC

Барбитурати

Урина

ICH

200 uL

2 часа

2 часа на 2025 ºC

1 ден на 2-8ºC

1 недела на -20 ºC

MDMA-екстази

Урина

ICH

200 uL

2 часа

2 часа на 2025 ºC

1 ден на 2-8ºC

1 недела на -20 ºC

Amfetamin

Урина

ICH

200 uL

2 часа

2 часа на 20-25 ºC

1 ден на 28 ºC

1 недела на -20 ºC

Cocaine

Урина

ICH

200 uL

2 часа

2 часа на 2025 ºC

1 ден на 2-8ºC

1 недела на -20 ºC

Бензодиазепини

Урина

ICH

200 uL

2 часа

2 часа на 2025 ºC

1 ден на 2-8ºC

1 недела на -20 ºC

Тест за бременост

Серум, Урина

ICH

200 uL

2 часа

2 часа на 2025 ºC

5 дена на 28ºC

1 недела на -20 ºC

*(Акредитацијата не ги опфаќа сите наведени анализи)

 

2. УПАТСТВА ЗА ПОДГОТОВКА НА ЛИЦЕТО ПРЕД ИСПИТУВАЊЕ

Во ПЗУ Дијагностика Фармахем постојат повеќе можности за барање на лабораториски испитувања и тоа: интерен упат креиран од ПЗУ Дијагностика Фармахем, упат ЛУ1, лично во лабораторијата, барање по телефон за земање материјал во домашни услови и барање според договор со други институции.

 

БАРАЊЕ ЗА ИСПИТУВАЊЕ

ПЗУ Дијагностика Фармахем има договор со ФЗОМ на РСМ, за извршување на лабораториски услуги ЛУ1.

Овие упати ги содржат следниве неопходни податоци:

                -број на упат

-име и презиме на пациентот, пол, датум на раѓање, единствен матичен број

-идентификатор на докторот давател на здравствената нега (потпис и печат, телефон, меил)

-јасно дефинирани анализи за изработка;

-клинички важни информации за пациентот (на пр. дијагноза или суспектна дијагноза)

-датум

Упатот се доставува во ПЗУ Дијагностика Фармахем, лично од страна на пациентот на кого се однесуваат или се презема од терен од други здравствени организации заедно со примерокот за испитување.

Лично барање во лабораторијата

Лично барање за биохемиски испитувања е всушност усмено барање од страна на пациент за изработка на одредени анализи при што лицето му дава на одговорниот за прием целосни идентификациски податоци како и кои анализи сака да му се изработат. Пациентот притоа потпишува Изјава за согласност и обработка на лични податоци и најдолу ги наведува бараните биохемиски испитувања.

На барање на пациентот за консултација во врска со испитувањата, специјалист по медицинска биохемија во ПЗУ Дијагностика Фармахем може да му сугерира и/или други дополнителни анализи соодветни за неговата здравствена состојба.

Барање за земање материјал во домашни услови

Ако од било која причина пациентот не може или не сака да дојде во лабораторијата (неподвижност или др.), може тој или некој во негово име да се јави или да дојде во ПЗУ Дијагностика Фармахем и да опише што е потребно. Лицето одговорно за прием ќе му објасни каков примерок за испитувње е потребен и како да се подготви и ќе договори термин, најчесто за следниот ден.

Подготовка на пациентот пред испитувањето

Со цел да се избегнат бројни фактори и грешки при обезбедување на примарните примероци  (крв, урина) кои влијаат врз точноста на резултатите, лицето на кое му се потребни лабораториски испитувања треба, пред испитувањето, да биде правилно информирано и подготвено. Информациите може да ги добие од својот доктор или да ги побара од персоналот на ПЗУ Дијагностика Фармахем.

Општи правила за подготовка на пациентот

  • Најдобро е, во колку е можно, пациентот или материјалот за анализа да биде во лабораторијата наутро меѓу 7:30 и 11:00 часот.
  • Ако е можно пациентот треба да биде 48 часа без терапија (освен ако е од витално значење).

Подготовка за земање крв

 

Општи упатства за подготовка на пациенти пред земање крв 

Во колку пациентот доаѓа самостојно, односно не е упатен од доктор, упатствата за одредени лабораториски услуги може да ги добие од одделот за земање на примерок за испитување.

Бидејќи препорачаните вредности и референтни интервали се добиени со земање примероци во време помеѓу 7:30 и 11:00 часот наутро пред да се консумира храна и пијалок, потребен е под истите услови, да се земе примерок од пациентот секогаш кога е можно.

Три дена пред земањето на крв за анализи се препорачува пациентот:

•             Да избегнува физичка активност затоа што таа  влијае  на  зголемувањето на  нивото на одредени ензими CK, LDH, AST, алдолаза,  активноста на CK-MB кај добро тренирани особи, а може и двојно да се покачат лактатите (соли на млечната киселина).                                                                                                                                              

Еден ден пред лабораториските анализи пациентот:

•             Треба да консумира лесна храна;

•             Храната да не е богата со масти и шеќери;

•             Последниот оброк да не е обилен и да е најдоцна до 18 часот;

Пред да дојде во лабораторија за земање примерок (најчесто крв) пациентот:

•             Треба да биде гладен 10-12 часа;

•             Не треба да консумира храна и напитоци, и не треба да пуши;

•             Може да пие вода (по потреба).

•             Ако фармаколошки активната супстанција (лекови, алкохол, кофеин, никотин, зависни супстанции, орални контрацептиви) значително влијаат на концентрацијата на аналити кои треба да се измерат, треба да се избегнуваат ако е можно најмалку два дена пред земање примероци од крв.

За да се добијат веродостојни резултати, во договор со докторот, вадењето на крвта треба да се врши после прекин со терапијата и wash out периодот (времето неопходно целиот лек да се исфрли од организмот и реално се одредат нови базални вредности). Ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати, хормонска терапија и друго.

•             За пациентите кои се на орална антикоагулантна терапија се препорачува вадење на крв во утринските часови и земање на вообичаената терапија после вадењето на  крвта. Ова важи и за пациентите кои се на било која хронична терапија.

•             За редовни прегледи, примерок крв од пациентот се зема наутро помеѓу 7:30 и 11:00 часот додека пациентот одмарал дури и пред да се продложи на други дијагностички и терапевтски процедури.

Потребно е да се создадат услови што обезбедуваат пациентот да биде одморен и опуштен пред  земање примероци од крв поради можни промени во метаболизмот на јаглехидрати, липиди и протеини што се должи на дејството на кортикостероиди и катехоламини.

Специфична подготовка на пациент за биохемиски анализи

Подготовка на пациент пред определување на липиден статус

Две недели пред да се земе примерок од крв:

•             Да се биде на вообичаена исхрана.

•             Да се избегнуваат промени во телесната тежина.

48 часа пред земање примероци од крв:

•             Да се избегнува интензивна физичка активност.

•             Да не се пие алкохол.

24 часа пред земање крв:

•             Да се јадат редовни оброци 12 часа пред земање крв, но не премногу, а после 19 часот ден пред одење во лабораторија да не се јаде, да не се пие алкохол, кафе, и да не се пуши

Одредувањето на холестерол не треба да се изврши пред да поминат 8 недели од: акутен миокарден инфаркт, хируршки операции, траума, секундарни болести со промени во метаболизмот на липидите, акутни бактериски или вирусни инфекции.

Подготовка на пациент пред утврдување на серумско железо

Примерокот на крвта на пациентот се зема наутро помеѓу 7:30 и 11:00 часот (стандардизирано време бидејќи железото има значителна дневна варијација до 70 %).

•             24-48 часа пред да се земе примерок од крв, да не се пијат сокови збогатени со витамини, витамини во форма на таблети или шумливи таблети, ниту пијалоци со додавање на тоници (енергетски пијалоци).

•             серумските концентрации на железо се зголемуваат со употреба на ацетилсалицилна киселина, левомицетин, орални контрацептиви, мултивитамини и хемотерапевтски агенси, особено цисплатин и метотрексат.

•             ако пациентот е подложен на терапија со железо и/или мултивитамин со збогатено железо, контролата на серумското железо се изведува најмалку:

- 7–10 дена по орална администрација на препарати на железо

- 3 дена по администрација на интравенски препарати

- 1 месец по интрамускулна администрација

- одредувањето на железо не треба да се изведува во состојба на акутна инфекција

 

Подготовка на пациент за орален тест за толеранција на глукоза (ОГТТ)

•             Тестот се изведува наутро, откако претходно пациентот е известен за начинот, времетраењето и причината за спроведување на истиот.  Пациентот треба да биде гладен (од 10 до 12 ч.), а претходните три дена да конзумира нормални оброци со присуство на јаглехидрати околу 100 g на ден и да има нормални вообичаени дневни активности, без пушење и доколку здравствената состојба дозволува без внес на лекови. Тестот трае два часа после орален внес на 75 g гликоза во 250–300 mL вода која пациентот треба да ја испие полека во период од 5мин. и да мирува без внес на храна до крајот на тестот.

Тестот се спроведувa преку мерење на гликоза пред и по оптеретување со гликозен раствор во различни временски периоди:

  • Кај трудници, се одредува гликоза на гладно и точно еден час и два часа по оптеретувањето со гликозен раствор;
  • Кај останатите пациенти на гладно и два часа по оптеретувањето со гликозен раствор.

Кај трудници нема препорака за задолжителен внес на јаглехидрати околу 100 g на ден три дена пред испитувањето, а кај деца оптеретувањето се изведува со 1,75 g гликоза на килограм телесна тежина до максимум 75 g гликоза.


.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk