Фармахем ДООЕЛ Скопје објавува оглас за вработување за позицијата:
Стручен соработник за комерција
Сектор Дијагностика и лекови
Во рамки на проширување и развој на тимот, бараме одговорна, проактивна и професионална личност која ќе биде вклучена во промоција на производното портфолио, развој на продажните активности и градење долгорочна соработка со клиентите во областа на дијагностиката.
Потребни квалификации и компетенции:
Главни работни одговорности:
Избраниот кандидат ќе има клучна улога во развојот на продажните активности, одржувањето професионална комуникација со клиентите и обезбедувањето поддршка за производните програми што ги застапува компанијата.
- Одржување редовна комуникација и посети на клиенти со цел промоција и поддршка на производното портфолио што го застапува компанијата;
- Планирање, следење и координација на залихи, нарачки и активности поврзани со доделените партнери и производни програми;
- Изработка на годишни и месечни планови, како и редовни анализи на реализацијата во однос на поставените цели;
- Следење и анализа на нови програми комплементарни со постоечкото портфолио, со цел проширување на работата во рамките на секторот;
- Подготовка на понуди, поддршка при постапки за јавни набавки, следење на реализација на набавките и навремено иницирање нови активности.
Работниот однос е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време, согласно потребите на компанијата и постигнатите резултати.
Нудиме:
Позицијата е со седиште во Скопје.
Работно време од 08:00–16:00 h (понеделник–петок).
Доколку ги исполнувате наведените услови и сакате да станете дел од професионален и динамичен тим, Ве покануваме да ја испратите Вашата биографија на farmahem@farmahem.mk најдоцна до 15.10.2026.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за следната фаза од процесот на селекција.