Веднаш после болестите на кардиоваскуларниот систем, туморите се на второ место од болестите кои предизвикуваат смрт кај хуманата популација. Затоа многу е значајно нивното што порано откривање, дијагностицирање и третман. И покрај тоа што многу се работи на пронаоѓање на причината за карциногенезата таа сеуште не е потполно разјаснета. Малигните клетки растат и се инфилтрираат во ткивото на домаќинот и го разоруваат при што самото ја губи својата функција. Туморските клетки се клетки со послаб контакт меѓу себе што овозможува нивно ширење на друго место во организмот каде повторно растат (метастази). Сите туморски клетки се послабо издиференцирани од нормалните клетки, тие се незрели и примитивни клетки кои не минале низ процесот на диференцијација и созревање и имаат својства слични на феталните клетки.
Туморите предизвикуваат квантитативни и квалитативни промени во разни параметри во телесните течности. Туморот со својот раст и инфилтрација во здравото ткиво предизвикува оштетување на тоа ткиво, што резултира со патолошки промени во наодот. Туморите обично се пропратени со воспалителни процеси, па затоа во серумот расте концентрацијата на реактивната акутна фаза и доаѓа до пораст на α2-глобулинот, разни гликопротеини и пораст на седиментацијата. Од лабораториските тестови, со кои се прави целокупен преглед на крв, урина и фецес, се забележуваат промени на некои биохемиски параметри и појава на зголемена концентрација на некои туморски маркери. Зголемена активност на алкална фосфатаза, бакар, ниски концентрации на железо, TIBC (Total iron binding capacity) во нејасни случаи може да укажуваат на тумор. Појава на крв во столица е често знак за тумор во гастроинтестиналниот тракт. Пораст на гама-глутамил трасфераза (GGT) во ваква констелација, говори за некоја туморска формација. Овие наоди сами по себе не се специфични за малигнитет, бидејки се јавуваат и во низа бенигни болести.
Туморските маркери (ТМ) се соединенија чие присуство или покачување на концентрацијата, со голема веројатност означува присуство на малиген тумор. Многу од нив се продукти на малигните клетки, но не се строго специфични, иако поретко можат да се јават и во некои бенигни болести.
Од горенаведеното можеме да заклучиме дека:
Туморските маркери се различни соединенија кои не можат добро да се систематизираат, но сепак се поделени во три типови на соединенија:
Во нашата дијагностичка лабораторија „ДИЈАГНОСТИКА ФАРМАХЕМ“, се изработуваат поголемиот дел од гореспоменатите ТМ. Протеинските и дел од хормонските ТМ се работат на анализаторот AXSYM од американскиот произведувач Abbott, кој работи на принцип на ензим-имунолошка метода. Анализаторот има сигурна идентификација на примероците и реагенсите со помош на баркод систем. Добриот анализатор и квалитетните реагенси со кои се работи овозможуваат издавање на прецизни и точни резултати. Сето ова е со цел да се подобри здравјето на пациентите што е наша примарна цел.
м-р Бисерка Симоновска, специјалист по мед. биохемија